Издумани Крлевизми: „Секој ден со тебе ми е убав, а секоја година уште поубавa“

Објавено: 26 декември, 2025, во 13:53 часот

Десет нови Издумани Крлевизми од велешкиот афористичар Атанас Крлевкси, кои со остроумие и лесен хумор ја оголуваат секојдневната вистина.

-Високите цени не ме сакаат. Имаат комплекс на повисока вредност.

-Секој ден со тебе ми е убав, а секоја година уште поубавa.

-Мојата мрзливост не е убава, ама е шармантна!

-Со жените имам разбирачка. Им дозволувам да ме разберат на почек!

-Во мое време татините синови напредуваа по телефон, а денес по дифолт.

-Ми пуштија водичка, за да молчам како риба.

-За пијаниот секој пат е тесен, а го гледа двојно.

-Со жена ми го имам прошетано светот. Јас ѝ ги тумачам соновите.

-Суетата води во непробивен тунел.

-Тешко го поднесувам топлото време, а уште потешко – работното!

Афористичар Атанас Крлевски

Дума.мк

    Сподели:

    Напиши коментар

    Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.