Издумани Крлевизми: „Срцето е извор на среќата. Умот прави да блика или да пресуши“

Објавено: 19 септември, 2025, во 10:05 часот

Десет нови издумани Крлевизми од велешкиот афористичар Атанас Крлевски за читателите на Дума.мк. Овој петок негов мотив е „среќата“.

-Секој е ковач на сопствената среќа, ама не во туѓа ковачница.

-Мојата среќа како мојата комшивка. Не знаеш, кога ќе ти се насмее.

-Среќата е во моите раце. Само треба да ми ги одврзат.

-Среќата ме следи цел живот. Веројатно ѝ сум сомнителен тип.

-Среќата е мисловна именка. Затоа со жена ми сум најсреќен.

-Постојано се трудам да ја расплачам мајка ми. Од среќа!

-Чекав среќата да ми падне од небото. Ми падна метеор врз главата.

-Имаме среќен брак. Јас молчам и трпам, а таа молчи и ужива.

-Срцето е извор на среќата. Умот прави да блика или да пресуши.

-Ако среќата е заразна, ќе предизвикам епидемија. Можеби ќе го спасам светот?

Афористичар Атанас Крлевски

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.