„Издумани Крлевизми“ за денес
Афористичарот Атанас Крлевски за читателите на Дума.мк избра 15 нови афоризми од неговиот богат творечки опус:
„Бракот ми е песна, Жена ми е кантавтор!“
„Бракот не е филм за да има режисер и главен лик.“
„Брачниот живот ми е како на филм… безвучен!“
„Некои вистини тешко се откриваат. Покриени се со многу лаги.“
„Годините не се важни, ако ти се погодени протезите.“
„Некогаш од сечење ленти се абеа ножиците. Денес – ’рѓосуваат!“
„Нема не заработени пари. Има заработени од еден, а потрошени од друг.“
„Голем другар е. Вистински господин!“
„Нема врата, па нема и плата! Од многу нишање,се скрши.“
„Грешка на еволуцијата: мајмун со човечка лика.“
„Некои вистини имаат лоши судбини.“
„Да се стане човек или не – прашање е сега… за мајмуните!“
„Жена ми готви по рецепти, ама што излезе, излезе!“
„Дава сѐ од себе. За себе!“
„Некои без царство, живеат царски!“
Дума.мк