Издумани Крлевизми:„Пред законот сите сме исти. Се додека не стигнеме пред судијата“

Ден во којшто за читателите на Дума.мк афоризми објавува афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски. Десетте негови афоризми за денеска гласат:
„Денес, во светот ако не разбираш јазик постои транслатор. Ако не го разбираш човека, нема помагало.“
„Едни лаат, а други мафтаат со опашката. Касаат – вторите!“
„Дојдов до вистината, а таа со поминат рок!“
„За Свети Трифун од сопругата добив билнак ракија – доточка за миење прозорци.“
„За туѓа куќа се плаќа станарина. Во туѓ живот се живее бесплатно.“
„Учи нов занает. На сите им удира четки.“
„Не пишувам афоризми за жените. Се плашам од шамари.“
„Жените купуваат и што им се допаѓа, а не само што им треба.“
„Со мене владее жена ми. За мене: едно гајле помалку!“
„Пред законот сите сме исти. Се додека не стигнеме пред судијата.“
„Ако ти ветиле – помниш! Ако си ветил – забораваш!“
„Баба Марта и сѐ е можно,!“ рече дедо и ги доцепи дрва.
„Без полни џебови со сомнежи не ја барајте вистината!“
„Без став, пукате со ќорци.“
„Безопасно удирам со главата во ѕид. Паметот го пуштив на пасење.“
Вашиот,
Атанас Крлевски
