Изложба на уметницата Мартина Спасовска „Лузни на издржливост“ во Јуроп Хаус Велес (фото и видео)
Од портрети на жени е составена самостојната на Мартина Спасовска, ликовна уметница отворена во рамки на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“ во Велес. Таа е девојка од Скопје која низ уметничкиот, ликовен израз, дава придонес во охрабрувањето на жените и девојките кои молкум трпат насилство и има за цел да ги охрабри и мотивира во настојувањето да се извлечат од оваа животна ситуација.
Изложбата можат да ја погледнат сите заинтересирани граѓанки и граѓани бидејќи Јуроп Хаус Велес се наоѓа во центарот на Велес, во поранешно Кино „11 Октомври“.
Делата, масло на платно, можеби ќе предизвикаат емоции но и мотивација за голем број на жени кои се чувствуваат сами, безнадежни, отфрлени од семејството или неприфатени од локалната заедница да го направат првиот исчекор од животната ситуација во која се нашле, најчесто не по своја вина.
Убавка Јаневска