Коки: „Би препознал политичари и тогаш кога носат заштитна маска – знам како дишат“

Објавено на 9 декември, 2024 во 09:03

Дел од денешниот празничен ден посветете на читање на седумте афоризми на афористичарот Никола Бошковски Коки кој истовремено ви ги честита верските празници, домашните слави и имендени.

„Храбрите воини се борат до последната капка крв, девојките…до првата.“

„Се стекнува впечаток дека собраниската сала се повеќе наликува на боксерски ринг: Политичките опоненти започнаа голораки, мошне грлато и вулгарно да си ги разменуваат…мислењата.“

„Јас ги засукувам ракавите кога треба да работам, а мојот директор, кога ги „ПЕРЕ“…рацете.“

„Би препознал политичари и тогаш кога носат заштитна маска – знам како дишат.“

„На искусната жена секогаш и успева да го увери својот маж, дека роговите многу поубаво му прилегаат, отколку…мустаќите.“

„Во енигматиката убавите ,сексипилни девојки претставуваат крстозбор од најтежок вид- имаат само едно црно поле.“

„За разлика од некои навални играчи, сексуалните манијаци ја искористуваат секоја поволна прилика.“

КОКИ

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.