Коки: „Да се живее од љубов, не значи дека љубовта треба да се продава.“

Објавено на 25 август, 2025 во 10:26

Осум нови афоризми за читателите на Дума.мк од велешкиот афористичар Никола Бошков Коки.

-Да се живее од љубов, не значи дека љубовта треба да се продава.

-Од богатата ризница на некои политичари, полна со “мудрости”, можат да се нанижат гердани од нивните БИСЕРИ на глупоста и лагата.

-Сите посакуваат промени, ама…некој друг да биде сменет.

-Постојат мошне забегани политичари, кои со својата неукост и ароганција, можат да му причинат главоболка дури и на АНАЛГИНОТ.

-Кога невропсихијатарот ќе најде психопати меѓу народните избраници, имам чувство дека многу седишта во собраниската сала ќе останат празни.

-Ако сите овци ви се на број, проверете каде ви се наоѓа сопругата.

-Луѓето подложни на мизогинија, имаат предрасуди кон женскиот род и ги мразат сите жени, за разлика од оние, помалку обземените, што ја мразат само својата.

-Спортисти, воопшто не е важно какви сте во очите на девојките, туку…какви сте меѓу нивните нозе.

Афористичар Никола Бошков Коки

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.