Коки: „Денес секој од нас бара мирен, спокоен живот, ама…со малку повеќе возбудливи авантури“
Објавено: 29 септември, 2025, во 09:52 часот
Понеделнички осум нови афоризми од велешкиот афористичар Никола Бошков Коки за читателите на Дума.мк. Денешните афоризми инспирирани од повеќе теми од секојдневниот живот.
-Денес секој од нас бара мирен, спокоен живот, ама…со малку повеќе возбудливи авантури.
-Најдолгото растојание кое некој потенцијален кандидат за градоначалник е во состојба предизборно да го изоди, несомнено е патот: од ВЕТУВАЊАТА, до ИСПОЛНУВАЊЕТО.
-Политиката е единствената професија, кадешто грешките на политичарите ги плаќа народот.
-Од дневната политика ниту во ноќите немам спокој: постојано ме измачуваат ноќни кошмари, ме обвиваат и влечат во длабочина огромни ОКТОПОДИ, ме колваат ЦРНИ ОРЛИ, ме раскинуваат крвожедни ЛАВОВИ…
-Човечкото тело претежно е сочинето од вода, а водите денес, за жал, како никогаш до сега не биле толку енормно загадени.
-Постојат возачи кои умеат вешто да се справат со брзините и опасностите на патиштата, но пред својата сопруга не им успева никогаш да фатат,,,КРИВИНА.
-Можно е Ева да немала гради, штом Адам постојано в раце држел јаболко.
-Нашиот одбранбен фудбалер не е музикален, но понекогаш умее да ЗАСВИРИ…кога ќе го дрмнат по жиците.
Афористичар Никола Бошков Коки
Дума.мк

