Коки: „На изборите народот избира, а потем се прашува: што всушност, избрал ?“

Објавено на 3 ноември, 2025 во 10:05

Овој понеделник, велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки повторно удира со својот остар ум и препознатлив хумор. Со неколку нови афоризми, Коки ни покажува дека смеата понекогаш е најострото оружје против заблудите и слабостите на општеството.

-На изборите народот избира, а потем се прашува: што всушност, избрал ?

-Од секои нови локални и парламентарни избори, најмногу очекуваат да се офајдат многуте полтрони, голтари, лигуши и…мноштвото маргинални партиски послушници.

-Политичарите постојано велат дека „ние работиме за народот“, само што народот се уште не забележува дека тие секојдневно, мошне перфидно го…РАБОТАТ.

-Кај нас РЕФОРМА значи, истите инкриминирани политичари во нови фотељи.

-Недостигот на бесплатни вакцини против појавата на сезонскоит грип, ги присили луѓето да си го бараат чарето и лекот во разно-разните традиционални, алтернативни средства: започнаа да се „имунизираат“ со варено вино и ракија.

-Понекогаш мојот сопруг наликува на бебе: штом не сум дома, тој пресреќен се прпелка во скутот на бебиситерката.

-Ако цениме според вложениот труд, тогаш за поповите и гробарите дојдоа убави времиња.

-Уште на своето прво, деби-претставување, нашето ново засилување во одбраната не увери, дека е од нашата ГОРА…ЦЕПЕНИЦА.

Афористичар Никола Бошков Коки

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.