Коки: „Најлесно е да си МАЧОР во февруари – талкаш цела ноќ по МАЧКИ, а дома за спиење доаѓаш рано наутро“

Објавено на 4 февруари, 2025 во 09:07

Со новите седум афоризми, на почетокот на февруари, читателите на Дума.мк ги поздравува афористичарот Никола Бошков Коки.

„За добрата МАЧКА, секој месец е Февруари.“

„Зад затворени врати комуницираат само оние политичари, кои на отворените јавни дебати не умеат уста да отворат.“

„Најлесно е да си МАЧОР во февруари – талкаш  цела ноќ по МАЧКИ, а дома за спиење доаѓаш рано наутро.“

„Сите доктори не го започнуваат прегледот со соблекување на пациентките, некои така го завршуваат.“

„Постојат мноштво жени кои можат да се поистоветат со МАЧКИТЕ- не гледаат во кој скут предат.“

„Младите, неискусни девојки за в брак посакуваат идеален маж, но во очекувањето тој да се појави, мудрите и искусните…се мажат.“

„Во текот на натпреварот, некои фудбалери се подложни на амнезија и не знаат каде им е местото на теренот, но тука се гледачите кои ги потсетуваат дека имаат мајки, жени ,сестри…“

Вашиот, КОКИ

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.