Коки: „Покрај толку многу силеџии, денес лесно е да се оправда невиноста“

Понеделнички, афористичарот Никола Бошков Коки, во неговите афоризми и оваа седмица ги опсервира настаните поврзани со политичарите и функционерите, додека од секојдневниот живот ги таргетира жените, спортистките и мажите. Сами проверете дали Коки добро го наострил афористичкото перо:
„Покрај толкуте многу силеџии, денес лесно е да се оправда невиноста.“
„Секогаш кога премиерот се враќа дома од некое политичко-туристичко патување, стравувам дека одново ќе не „усреќи” со некој нов, стратешки партнер, нови задолжувања…и кредити.
„Љубовта кон истата жена разделила многу пријатели.“
„Во желбата и обидот да ја збогатат својата банкарска сметка, мнозина градоначалници си ја осиромашија општината.“
„На мојот директор видот и понатаму му причинува сериозни потешкотии: не гледа подалеку од секретарката.“
„Мојата соседка целата своја младост ја посвети барајќи го вистинскиот маж, не престана да ги бара ниту тогаш…кога се омажи.“
„На убавите кошаркарки, судиите најчесто им досудуваат ГРЕШКИ ВО ЧЕКОРИ, зашто постојано ги гледаат во нозете.“
Вашиот, Коки
