Коки: „Постојат возачи, за жал, кои повеќе ги ценат пешаците на шаховската табла, отколку пешаците на пешачките премини“
Објавено: 17 февруари, 2025, во 10:59 часот
Седумте афоризми кои што за читателите на Дума.мк ги напиша афористичарот Никола Бошков Коки гласат:
„Бракот е како виното, на почетокот сте пијани, а потем доаѓа главоболката.“
„На некои собраниски седници, пратениците се толку многу психолошки оптоварени, што не се во состојба да си ги пресметаат патно- дневните трошоци.“
„И виното се поистовети со политичарите, и во него се помалку има вистина.“
„Постојано сум исправен пред дилемата дали и ние сме деца на револуцијата, или…и нас не донел штркот.“
„Ниту боемите не се веќе она што некогаш беа. Многумина се откажаа од убавите девојки и ексклузивните пијалоци…премногу се скапи.“
„Не ви вреди многу сознанието дека сопругата ви е на свое место, ако денес, на денот на љубовта, некој друг е на вашето.“
„Постојат возачи, за жал, кои повеќе ги ценат пешаците на шаховската табла, отколку пешаците на пешачките премини.“
Вашиот,КОКИ

