Коки: „Работиме за да живееме, а живееме да ги плаќаме сметките“
Објавено: 24 ноември, 2025, во 09:55 часот
Осум нови афоризми од велешкиот афористичар Коки за читателите на Дума.мк. Неговата препознатлива острина и хумор и овојпат ги погодуваат најчувствителните точки на нашето секојдневие.
-Се бориме со корупцијата, но таа не сака да се предаде.
-Сите гледаме ТВ и слушаме вести, за повторно да дознаеме што се, не оди кај нас онака како што треба.
-Кога партиите и политичарите меѓусебно се караат, народот треба да биде мошне внимателен: НЕШТО ДЕЛАТ !
-Политичарите го сакаат народот како банкар клиентот…со голем минус.
-Најголеми оптимисти несомнено се луѓето, кои сеуште веруваат дека ќе им го вратат долгот оние, кои со децении им должат.
-Во бракот нема победени и победници, туку единствено постои взаемно разбирање, компромиси и мир…АКО ИМАТЕ СРЕЌА.
-Бракот е партнерство: едниот зборува, другиот слуша…ПОНЕКОГАШ.
-Работиме за да живееме, а живееме да ги плаќаме сметките.
Афористичар Никола Бошков – КОКИ
Дума.мк


