Коки: „Таму каде што постои љубов, растојанието е само бројка“
Објавено: 15 декември, 2025, во 12:24 часот
Понеделнички нови девет афоризми од велешкиот афористичар Никола Бошков Коки. Инспириран од актуелните случувања, на духовит и сатиричен начин пишувал за бракот, политиката и секојдневните апсурди на современото живеење.
-На народот му е добро се дотогаш, додека не сфати колку му е лошо.
-Цените на прехрамбените производи воопшто не се намалија, единственото намалување што се чувствува, всушност е намалената доверба на граѓаните во господата што денес ја преставуваат Власта.
-Нашите актуелни политичари ни ветуваат Европа, ама…владеат како Османлии.
-Политиката кај нас е како брак, сите се незадоволни и негодуваат, ама никој не си оди.
-Најголема демократија има во сексот: секој може да заземе било каков став.
-Таму каде што постои љубов, растојанието е само бројка.
-Љубовта е состојба кога туѓата среќа станува твоја.
-Бракот е ветување дека ќе бидете тим и тогаш, кога светот е против вас.
-Среќен е оној брак, кога кавгата завршува со кафе, а не со куфер.
Афористичар Никола Бошков – Коки
Дума.мк


