Коки: „Во празниот стомак ќе ПРОГЛЕДНЕ, и слепото црево“

Објавено: 4 август, 2025, во 09:57 часот

Велешанецот Никола Бошков – Коки, преку куси, но остроумни афоризми, со доза на сатира ја разголува реалноста во која живееме. Од политиката и сиромаштијата до меѓучовечките односи, неговите зборови се ударни и без влакна на јазикот.

-Во нашата држава секој може да говори слободно, зашто слободата на говорот е дозволена, ама…се додека не те чујат.

-Се стекнува впечаток дека политичарите кај нас живеат КУЧЕШКИ ЖИВОТ, постојано некој, на некого…ЛАЕ !

-Вие со десет прсти не можете да заработите толку, колку што можат нашите народни избраници, со два.

-Им верувавме на нашите економски експерти и на длабочината на нивните економски визии, затоа и потонавме во сиромаштија.

-Во празниот стомак ќе ПРОГЛЕДНЕ, и слепото црево.

-Некои луѓе имаат желба да се поистоветат со пожарникарите, ја посакуваат приликата да “гаснат”огнови, во туѓи бракови.

-Секоја жена облечена во убав фустан, не е ДАМА.

-Многуте жени се гневни на уредниците на вечерната спортска ТВ програма: им ги КАСТРИРА…МАЖИТЕ.

Афористичар Никола Бошков Коки

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.