Коки: „Животот е бајка, драма, трагедија а политката кај нас е комедија“
Афористичкиот поздрав на Никола Бошковски Коки за неделава составен е од седум афоризми. Прочитајте ги:
„Од новите рестриктивни мерки на Владата, и покрај големите очекувања,граѓаните воопшто не се офајдија: единствено мојата соседка е мошне задоволна, нејзината кошничка многумина, секојдневно и ја полнат.“
„Животот е бајка, драма, трагедија а политката кај нас е комедија“
„Луѓето на кои сопругата постојано им го навива часовникот, попусто ги очекуваат своите пет минути.“
„На многуте самобендисани, нечувствителни и арогантни господа, недостигот на домашно воспитување и подложноста на нервоза, нема никогаш да им донесат стабилни односи со луѓето што ги опкружуваат.“
„Кога риболовецот ќе улови сом, тоа е риболов, кога пак, жената ќе улови сом тоа е брак.
„Креветот во кабинетот на професорот, деновиве доживеа скромен јубилеј: десеттата студентка се здоби со долго посакуваната диплома.“
„Многумина сопруги се гневни на уредниците на вечерната, спортска ТВ програма: им ги кастрира мажите.
КОКИ