Коки: „Животот не ни должи ништо, ние сме тие што живееме на вересија.“

Коки со осум нови афоризми за читателите на Дума.мк. Овој пат, со остар јазик и уште поироничен поглед кон нашето секојдневие.
-Животот не ни должи ништо, ние сме тие што живееме на вересија.
-Некои партиски кандидати за градоначалник, предизборно носеа темни очила, за да не им се види што се им извира од очите.
-Премиерот не уверува дека Владата секогаш се грижи за народот, само што народот ретко знае, за кој народ.
-И политичарите, и народот се во магла, сите се обидуваат нешто да гледаат, но никому не му успева да види нешто јасно.
-Работникот не се жали затоа што работата му причинува голема потешкотија и работи како коњ, туку на желбата и обидот на работодавачот, да го јава.
-Постојат мошне непријатни случки, кои понекогаш ни се повторуваат во креветот, но за нив ќе молчиме и нема да ја обвинуваме Владата.
-Се сомневам дека некоја жена е “добра”, штом тоа го констатирале многумина мажи.
-За да имате трофејни рогови, не е неопходно да поседувате ловечка дозвола, треба само сопругата да ви биде убава.
Афористичар Никола Бошков Коки
Дума.мк


