Коки:„На политичарите не треба да им се верува ниту тогаш кога лажат“

Во афоризмите кои што ги напиша за овој понеделник, афористичарот Никола Бошков Коки, ги опсервира политичарите и жените. Еве како:
„На политичарите не треба да им се верува ниту тогаш кога лажат.“
„Дали на нашите политичари кои што се РАЗЛЕТАА натаму – наваму, ќе им биде доволен унгарскиот кредит, за да си ги покријат сите свои патно – дневни трошоци или пак ќе бидеме присилени да се задолжуваме со некој нов, поволен кредит.“
„Додека мачките за љубов го имаат цел февруари, на некои жени единствено им преостана 8 Март.“
„Мојот романтичен колега, како вистински господин џентлмен, празникот на својата сопруга го ОДБЕЛЕЖИ со црвен фломастер.“
„Луѓето кои се подложни на мизогинија, имаат предрасуди кон женскиот роди ги мразат сите жени, за разлика од оние помалку обземените што ја мразат само својата.“
„Атрибутите со кои некогаш жените беа препознатливи и со нив ги фасцинираа мажите, денес се индустриски производи.“
„Постојат возачи кои умеат мошне вешто да се справат со брзините и опасностите на патиштата, но пред својата сопруга никогаш не им успева да фатат КРИВИНА.“
Вашиот, Коки
