Дали конечно се врати интересот кај неготинци за кино проекции!

Објавено на 28 февруари, 2013 во 09:28

„Од денес па во наредните денови Центарот за култура Ацо Ѓорчев во Неготино започнува со презентација на детски филмови наменети за учениците од основните училишта во градот“,изјави директорката Мирјана Јованова.

Според неа денес во два термина  има кино проекција на детскиот филм „Бременските музиканти“ од познатите Браќа Грим во кој ќе имаат можност да уживаат учениците од двете основни училишта во градот „Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур“.

„Ваквата идеја за да прикажуваме детски филмови пред учениците е во соработка со училиштата со кои имаме одлично разбирање“,рече Јованова.

Од Центарот за култура информираат дека во сабота ќе биде прикажан документарниот филм за трагично загинатиот претседател Борис Трајковски,насловен како „Верувам во Македонија“./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.