Предновогодишен концерт (пијано) се одржа во просториите на Музеј на град Неготино
28.12.2020
Денес (28.12.2020) во просториите на Музеј на град Неготино, се одржа преднвогодишен концерт (пијано) во изведба на на м-р Наташа Трбојевиќ, вонреден професор на Музичката академија при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип.
Под мотото „Енергични, динамични, возбудливи изведби на Дебиси, Бетовен, Шуман“, a согласно здравствените протоколи за заштита од Ковид – 19, пред публиката во изложбениот салон во музејот, се одржа овој празничен концерт, информира Драгица Чекорова, директор на Музеј на град Неготино.
Наташа Трбојевиќ е родена во Штип. Завршува музичко образование во Штип и Универзитеот Св.Кирил и Методиј во Скопје. Магистрирала во класата по пијано на професорот Евушка Трпкова Елезовиќ. Има освоено повеќе награди на натпревари по пијано. Таа и припаѓа на првата генерација дипломирани пијанисти во Штип и е еден од основачите на класата по пијано во Средното музичко училиште во Штип. Како музички педагог учествувала на повеќе државни и меѓународни натпревари. Учесник е на многубројни жирија на државни натпревари за пијано и камерна музика. Има одржано многубројни целовечерни концерти во државата и странство . Исто така е и почесен член на Фондацијата “Томислав Зографски“. Денес Наташа е вонреден професор на Музичката академија при Универзитетот “Гоце Делчев“ во Штип.
На програмата, од страна на проф. Наташа Трбојевиќ беа изведени следниве мелодии:
- C.Debussy – Arabesque No.1
- L.van Beethoven – 31 Variations c-moll
- R.Schumann – Papillons, Op.2
- E.Grieg – Ballade, Op.24
Мите Јаначков