(Видео) Босиљчич: „Глумата е убава професија, но има една маана – глумецот чека некој да го избере!“

Објавено: 5 јануари, 2026, во 12:23 часот

Потребно е да се напише подолг текст за да се прикаже професионалниот пат на српскиот глумец Иван Босиљчич кого средната и нешто повозрасна генерација на граѓани секако најповеќе го познава по остварените телевизиски улоги во југословенската кинематографија како што се сериите „Стижу долари, „Рањени орао, „Грех њене мајкеНепобедиво срцеи Ургентни центар. Босиљчич има остварено и голем број на театарски улоги во српските театри, матичниот „Народно позориште“,„ „Југословенско драмско позориште“, Позориште на Теразијама„, „Позориште Славија“, „Звездара театар“, “Опера и театра Мадленијанум“. Овој глумец својата професионална реализација ја остварува и во бројни музикли и најпознат е со улогата на Мане во мјузиклот „Зона Замфирова“.

Непосреден, прецизен, конкретен и јасен, Иван Босиљчич, беше и во одговорите на новинарските прашања додека директен во одговорот: Зошто на познат глумец, реализиран и наградуван за телевизиски и театарски улоги, потребен му е личен проект „Наше вече“.

Вчеравечер освен актерските извонредните вокални и танцувачки способности, Босиљчич, ги покажа пред велешката публика на презентацијата на уметничката вечер на поезија и музика. Вака на почетокот ја поздрави велешката публика.

Користејќи поезија и проза од македонскиот писател Анте Поповски, Босиљчич, публиката ја воведе во т.н македонски дел од неговиот проект во којшто следеа изведби на композициите „Тајно моја“ на Тоше Проески и „Бел коњ“ на Влатко Стефановски.

Во пресрет на Божиќното празнување, Босиљчич, преку својот настап испрати пораки меѓу кои ширењето на љубовта и взаемното почитување беа најекспонирани и поврзани со Светото тројство. Велешани имаа можност да уживаат во изведбите на на професионалните музичари од бендот на проектот „Наше вече“, во рамки на Хуманитарната Божиќна вечер чиј организатор е Општина Велес.   

Крајот секогаш го краси делото! Крајот на „Наше вече“,вчеравечер во Велес, по исполнување на музичката желба „Кад замиришу јорговани“, на госпоѓа во публиката, и изведбите на неколку познати евргрин композиции од поранешните Ју простори, снимен е во следното видео.

Убавка Јаневска

Фото галерија:

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.