Коки: „Кога мажот ќе ПРОГЛЕДА, на слепата љубов и е дојден крајот“
Објавено: 7 јули, 2025, во 10:04 часот
Со перо што не простува и збор што сече, Коки повторно нè предизвикува да се насмееме, но и длабоко да се замислиме. Седум нови афоризми за читателите на Дума.мк.
-Кога мажот ќе ПРОГЛЕДА, на слепата љубов и е дојден крајот.
-Можеби некои политичари очекуваат да им симнам капа, но на овие летни горештини не чувствувам потреба да одам гологлав.
-Лесно е во доброто да се биде добар, но во бракот се познаваат јунаците.
-Ако заради некои избрзани, непромислени и неодговорни изјави и одлуки на некој политичар, почувствувате дека излегувате од кожа, потрудете се барем, гаќите да ви останат на себе.
-Ако цениме според наталитетот, и во сексот западнавме во долгови.
-Парите не се секогаш се моќни: со нив можете да купите часовник, но не и време, можете да купите храна, но не и апетит, можете да купите удобен кревет, но не и сон…Со парите можете да купите и убава куќа, ама… не и дом.
-Честопати во животот е како и во шахот: Дамата најчесто ја освојува некој…КОЊ!
Афористичар Никола Бошков Коки
Дума.мк


