Коки: „Постојат мноштво луѓе, кои можат недвосмислено да се поистоветат со кукавиците: ставаат јајца во туѓи гнезда.“
Прочитајте ги новите седум афоризми на велешкиот афористичар Коки. Понеделнички започнете ја неделата со насмевка!
-Ние го немаме Нушиќ, кој ли ќе ја пишува нашата комедија: „НАРОДЕН ПРАТЕНИК“?
-Ако времето е пари, тогаш многуте наши забегани, алчни, бездушни и бесрамни корумпирани политичари, не знаат што да прават…со времето.
-Додека тој „блееше” на состаноците, пријателите дома му ја мрсеа волната.
-Општествениот имот го поделивме на атрактивни парцели, сега очекувам и мене „совеста да ми умре“, за да можам и јас да се офајдам со некое убаво место.
-Постојат мноштво луѓе, кои можат недвосмислено да се поистоветат со кукавиците: ставаат јајца во туѓи гнезда.
-За новиве мангупчиња кои од ненадеж прераснаа во големи олигарси, знам се: од А, до Ш, но што ми вреди кога никој не ме прашува за азбуката.
-Таа не покажа чувство да седи в село и да ја обработува земјата, па појде в град…да ја „ОБРАБОТУВААТ“ градските мангупи.
Афористичар Никола Бошков Коки
Дума.мк