Музичкото дуо „Музичка аптека“ одржа хуманитарен концерт во Велес
Со песни кои се лек за душа, музичкото дуо Јованче Тодоров и Марина Јаневска, ги забавуваа велешани на концерот којшто го одржаа во Младински парк во рамки на манифестацијата „Велешко лето 2024“. Дуото „Музичка аптека“ е составено од клавијатуристот Јованче Тодоров и дипломираната соло пејачка Марија Јаневска кои заедно настапуваат веќе една година во која имаат голем број настапи како во државата така и надвор од неа.
Концертот коишто тие го одржаа пред велешката публика беше од хуманитарен карактер, поточно бендот ги поттикна присутните граѓани да донираат парични средства за моментално активните кампањи кои се објавени на веб страната https://ecrowd.mk, каде се прибираат донации за лекување на лица на кои моментално им е неопходна парична помош.
За Дума.мк тие изјавија дека се задоволни од посетеноста на настанот како и од реакциите на присутните велешани кои видно се расположиле и аплаудирале после секоја изведена песна.
Велешко лето вечерва продолжува со интерактивна работилница за деца „Кошница со овошје“ со Сања Стојанова што ќе се одржи во Младински парк во 20:00 часот.
Стефани Манева