Народен Музеј Велес за повеќе од пет вработени треба да подготви сеопфатна Анализа, за Конзерваторски центар од вгодина понатаму (фото и видео)

Објавено на 23 јануари, 2025 во 15:37

Народен Музеј Велес е една од 142 културни институции во државата која се соочува со проблеми како што се само петмина вработени и недоволно финансиски средства за обавување на дејноста. Оваа локална културна институција, во најдобрите времиња, кога имаше доволен број на вработени лица со соодветен профил и надлежност над Археолошкиот локалитет „Стоби“ не доби Конзерваторски центар.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков решението на проблемот со малиот број на вработени лица го гледа прво во подготвувањето на сеопфатна Анализа којашто годинава ќе треба да ја подготват сите локални и национални институции. Документот треба да ги содржи приоритетниот број на вработени со коишто ќе може да се одржува нормалното функционирање. Тоа според Љутков е приоритетот во 2025 година додека зголемувањето на надлежностите и новите, дополнителни, вработувања ќе останат како обврска за вгодина.

Еве што министерот за култура и туризам Зоран Љутков одговори на новинарските прашања на Дума.мк кои се однесуваат на бројот на вработените и Конзерваторскиот центар во рамки на Народен Музеј Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.