Нова премиера во велешкиот театар

Објавено на 4 јуни, 2021 во 13:47

Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ премиерно ќе ја изведе претставата „Петтото годишно време“ во рамките на свеченото затворање на „Рациновите средби“. Оваа премиера е магистерска претстава по театарка режија на Васил Зафирчев, под менторство на професор  Дејан Пројковски на Факултетот за театарски уметности на Универзитетот „Еуропа прима“ во Скопје.

„Петтото годишно време“ е претставата за една балерина на 73 години, сместена во старечки дом, која иако боледува од Алцхајмерова болест, грчевито се бори да ги евоцира и оживее најзначајните моменти, настани и случки од нејзиниот минат живот, со цел да стигне до нејзиниот вечен сценски момент, кој практично ќе значи и нејзина конечна физичка смрт.

Сценоградијата, видеото, ислустрациите и рекламниот материјал за претставата се на Филип Коруновски. Костимографијата е на Раде Васил и автор на аудиодизајнот и музиката е Сашко Костов.

Претставата премиерно ќе биде изведена на 12 јуни, сабота, со почеток во 20:00 часот на големата сцена „Петре Прличко“ во театарот „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“. Првата реприза ќе биде на реперторато на театарот на 16 јуни, среда. Исто така, на 24 јуни , „Петтото годишно време“ ќе биде изведена и во рамките на фестивалот на монодрама во Битола.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.