Нова премиера за деца „Убавицата и ѕверот“ на театарот на дом на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци
Претставата „Убавицата и ѕверот“ работена по мотивите на истоимената француска бајка премиерно ќе биде одиграна пред кавадаречката публика од страна на театарот при Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ во четврток на 11 април во 19:00 часот.
Претставата е во режија и адаптација на Микица Илова а во неа играат Теона Јорданова, Александар Стојков, Александар Малинков, Диме Коцевски, Диме Боцев, Видан Станоев, Саше Орешков, Ристе Стојанов, Ивана Данова, Елена Илова, Јована Секуловска, Евгенија Илова, Арелена Гостимировиќ, Давид Василев, Татјана Стојанова, Цветанка Ганева, Ивана Секуловска, Атанас Димков. Суфлери се Мартина Крчева, Маја Стојанова, Доменика Митевска, костимографијата е на Сара Милевска, тон и светло Пепи Ангелов додека сценската поддршка е на Диме Темков и тимот на домот на култура во Кавадарци.
-Поради ограничен број на седишта, билети за претставата можат да се резервират на тел. број 075-347-370 исклучиво со СМС порака. Нагласете во пораката за кој ден, за која претстава, колку билети и име и презиме. Доколку Ви е прифатена резервацијата ќе добиете повратен СМС. Билети можат да се набават и директно во административните простории на Домот на културата секој работен ден од 9 до 12 часот. Влезниците по цена од 150 денари се подигаат на билетарница на Домот на културата најдоцна половина час пред претставата, објаснуваат од Дом на култура за набавка на билетите.
Исто така додаваат дека доколку билетите не бидат подигнати половина час пред претставата, ќе бидат пуштени во продажба, остатокот од влезниците се во продажба на билетарницата два часа пред претставата.
Стефани Манева