Одбележани 115 години од раѓањето на Кочо Рацин во Ликовен салон во Велес
Објавено на 22 декември, 2023 во 15:44
Со бесада за Рацин од асс. М-р Иван Антоновски, денеска, во Ликовен салон во Велес започна чествуваањето по повод 115 години од раѓањето на Коста Солев Рацин. Антоновски во својата бесада на самиот почеток пред присутните напомена дека името Кочо Рацин неразделно е заврзано со сегашноста на нашата поезија и литература.
Настанот беше збогатен и со изложбата насловена „Блазе, речи на душата…“ од типографот Ласко Џуровски, на која беше промовиран фонтот „Рацин“ инспириран од оргиналниот ракопис на Рацин.
На самиот крај од настанот, учениците од МДПС „Премиера“ со својот драмски перформанс „Жив си Рацине“ успеаа да предизвикаат солзи во учите на публиката и добија долг грамогласен аплауз.
Стефани Манева