Патувачка изложба на Фидановски „Пикасо можеби јас 2“ пристигна во Велес

Објавено на 25 јуни, 2025 во 11:29

Во Ликовниот салон на Народниот музеј Велес, на 24 јуни 2025 година, беше свечено отворена изложбата на керамички скулптури „Пикасо можеби јас 2“ од реномираниот уметник Филип Фидановски. Публиката имаше можност да види 13 уникатни дела, изработени во керамика, украсени со енгоба, глазура и 18-каратно злато за керамика и порцелан.

Изложбата е дел од патувачката програма на проектот Музеум линк, организирана од Јасминка Намичева и Здружението за архитектура, дизајн и култура „Архифакт“ од Скопје. Пред Велес, изложбата беше претставена во Гевгелија, а во мај ја посетија и љубителите на уметноста во Крива Паланка.

Куратор на оваа визуелно и концептуално впечатлива поставка е Проф. Д-р Кирил Пенушлиски.

„Пикасо можеби јас 2“ е извонреден пример за тоа како керамиката може да стане медиум на модерна уметничка изразност, а делата на Фидановски нудат силна визуелна и интелектуална провокација за публиката.

Изложбата останува отворена за посетители во Велес до крајот на месецот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.