Понеделнички афористички поздрав од Никола Бошковски – Коки
Велешкиот афористичар и овој, летен и топол, понеделник Ви ги испраќа на читање своите новосоздадени афоризми со поздрав за убав ден и за убава работна недела.
„Со сигурност ве уверувам дека летово не ќе има политичари на нудистичка плажа; немаат што да покажат.“
„ Жално е сознанието дека некои политичари со своите вувузели остваруваат поголема добивка отколку надарените музички уметници со својот “Страдивариус”.
„Почесната стража беше мошне невнимателна; покојникот успеа да им побегне.“
„За разлика од театарот,во бракот најпрвин се спуштаат завесите,па потем започнуваат брачните сцени.“
„Кога жените би пишувале мемоари, тогаш тоа би биле драми со поголем број јунаци. “
„Тренерот заборавил пред почетокот на мечот да му посочи на својот боксер дека правилата дозволуваат и тој да го удира противникот.“