Преставата „Кавадаречки пастуви“ во адаптација и режија на Диме Коцевски, репризно во понеделник во Дом на култура Кавадарци
Четвртото, репризно прикажување на претставата „Кавадаречки пастуви“ по текст на Ентони Мекартен и Стивен Синклер, актерите на Театар при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, ќе ја одиграат во понеделник на 25 ноември, со почеток во 19:00 часот.
Претставата е комедија за возрасни и за необични случки во секојдневната борба за живот.
Во претставата играат: Видан Станоев, Диме Боцев, Александар Видиков, Сашко Орешков, Цветанка Прочков, Александар Малинков, Ристе Стојанов, Александар Стојков и Диме Коцевски. Суфлери се Маја Стојанова и Доменика Митевска, тон и светло раководител е Пепи Ангелов додека сценската поддршка е на Диме Темков и тим на Дом на култура Кавадарци.
Влезници за претставата можат да се резервират на тел.број 075-347-370 исклучиво со СМС порака. Публиката може да купие влезници и директно во просториите на Домот на културата секој работен ден од 9 до 12 часот. Резервираните влезници по цена од 150 денари се подигаат на билетарница на Домот на културата најдоцна половина час пред почетокот на претставата. Доколку не бидат подигнати половина час пред претставата, ќе бидат пуштени во продажба. Остатокот од влезниците е во продажба на билетарницата два часа пред на почетокот на преставата.
Ангел Данов