Промовирана книгата „Овошјето храна и лек“ од проф. д-р Ана Селамовска и проф. д-р Елизабета Мискоска-Милевска (фото)
Двеста и седумнаесет страници содржи книгата „Овошје храна и лек“, на кои се целосно се разработени 33 видови на овошни производи, прикажани се 65 табели со нивни информации како и 38 фотографии во боја изработени од самите писателки, проф. д-р Ана Селамоска и проф д-р Елизабета Мискоска-Милевска. Книгата содржи информации за распостранетоста, потеклото, производството во светски рамки, биолошката припадност, еколошките карактеристики, стопанското значење како и хемискиот состав и лековите карактеристики коишто ги содржат овошјата.
Проф. д-р Елизабета Мискоска – Милеска за време на промоцијата рече дека главната цел при пишувањето им била да го променат мислењето на луѓето дека овошјето не е само храна туку е и лек.
– Ова е прва литература од овој тип на македонски јазик. Идеата за пишување на оваа книга, траеше подолг период и се поклопи со пандемијата, кога ние луѓето бевме насочени кон тоа како да го зачуваме своето здравје и целата ситуација беше дополнителен поттик да се напише оваа книга. Еден дел од информациите наменети за лекувањето се поткрепени и со научни истражувања, тоа не се информации само од народната медицина туку и истражувања со кои се потврдуваат лековитите карактеристики на овие 33 овошни видови, додаде Мискоска – Милеска.
Проф. д-р Ана Селамоска на присутните им препорача да конзумираат овошје бидејќи тоа има три важни улоги за самиот организам.
-Овојшјето има градежна улога бидејќи го градат организмот , оваа улога ја имаат белковините и мастите. Има енергетска фунција, тоа се шеќерите и мастите и имаат заштитна улога, поточно присуството на високото богатство на витамини и минерали. Сето ова прикажува дека овошјето има заштитна улога. Како лек се препорачуваат овошните плодови кои се користеле во народната медицина но се користат и денес. Со развојот на хемијата, со испутвањето на овошните плодови веќе има доказ дека овошјето служи како лек и превенција за многу болести, додаде Селамоска.
На крајот од промоцијата двете писателки одговараа на прашања поставени од страна на присутните ученици. Три примероци од оваа книга се оставени на полиците во велешката градска библиотека со што сите читатели ќе имаат можност да ја позајмат и прочитаат.
Инаку, за време на промоцијата ученици од ССОУ „Коле Неделковски“ од угостителскиот смер правеа овошна салата со која на самиот крај беа послужение сите присутни.
Стефани Манева