Промовирана книгата „Вонбилансна евиденција“ на македонскиот архитект Вангел Божиновски (фото и видео)

Објавено на 26 февруари, 2025 во 14:33

Во Медијатека на Градска библиотека „Гоце Делчев“ во Велес денеска беше промовирана книгата „Вонбилансната евиденција“ на македонскиот архитект Вангел Божиновски. Директорката на библиотеката, Снежана Бошевска ја отвори промоцијата.

Од ахитектурата потекнува наука, филозофија затоашто всушност првиот јазик потекнува од јазикот на архитектурата, меѓудругото рече денеска дипломираниот архитект Вангел Божиновски на промоцијата на неговата книга „Вонбилансната евиденција“ во Велес. Дума.мк разговараше со Божиновски и еве што тој одговори на новинарските прашања.

Промоторката проф. д-р Нада Јурукова за авторот и пријател рече дека завзема значајно место  во архитектурата но и пошироко во историјата на македонската архитектура.

На промоцијата на книгата „Вонбилансна евиденција“ присуствуваа голем број на велешани кои имаа можност да разговараат и полемизираат со авторот.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.