Промовирана стихозбирката „Природен развој“ на Божидар Јовиќ

Објавено на 11 април, 2025 во 11:44

Најновата стихозбирка „Природен развој“ од поетот и просветен работник „Божидар Јовиќ“ вчера беше промовирана пред велешката публика во медијатеката на градската библиотека „Гоце Делчев“. Божидар Јовиќ, кој е познат по својата долгогодишна работа како педагог, директор, општински инспектор и писател, доби низа пофални зборови од присутните гости, кои со восхит зборуваа за неговиот придонес и неговата искрена љубов кон пишаниот збор.

Промотор на книгата беше Лили Арсова, која низ свое лично видување ја претстави поетската суштина на „Природен развој“, додека неговата долгогодишна колешка Марина Настева пред присутните се обрати со зборови за значењето на Јовиќ како професионалец и како човек.

Промоцијата започна со композицијата „Дивиот Јавач“ отсвирена на пијано од ученикот Стефан Димитриевски од ОМУ „Стефан Гајдов“, додека Ива Бабуновска настапи со виолинската изведба на „Концерт“. Овие музички моменти создадоа атмосфера достојна за поетски настан исполнет со емоции.

Стихови од збирката „Природен развој“ беа читани од страна на ученици од основните и средните училишта во Велес.

Промоцијата беше организирана во соработка со Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.