Промовирана стотата книга „Од дното на душата“ на Вера М. Самарјанин во Велес (фото)
„Копнежи излеани во збирката „Од дното на душата“ од нашата поетеса Вера Благојевиќ Самарјанин претставува 100-та книга којашто таа ја издала и која денеска имаме чест да ја промовираме токму овде во градот „лулка на поезијата“, со овие зборови промоторката Лили Арсова ја започна денешната промоција на книгата „Од дното на душата“ којашто се одржа во просториите на Локална библиотека „Гоце Делчев“ во Велес. Оваа стихозбирка е поделена на три теми и тоа љубовта и носталгијата кон татковината, мајчинство и сестринство.
-Во ова дело „Од дното на душата“ копнежи излеани во стихозбирката испливуваат поттикнати од нејзиниот престој како хуманитарен деец во Канада, далеку од домот, одделена од своето родно огниште и најбислките. Нејзините копнежи за враќањето во родниот град и земја помеѓу пријателите и роднините. Таа ги посветува песните и на своите предци, на сите браќа и сестри според господа коишто заминале од своите огништа во туѓина трагајќи по подобар живот. Вљубена во убавините на родниот крај, тагува за секој пропуштен миг да го дише планинскиот воздух на Пелистер, да ги гледа водите на Вардар, да најде духовно исполнување на светата земја на Бигорскиот манастир. Втората тема, мајчинство, во која ја преточува љубовта кон рожбите, нејзините деца и внуци коишто се најголемото богатство во кое ја гледа смислата на своето постоење и од нив ја црпи радоста на животот. Во темата сестинство, Вера се доживува како сестра на сите луѓе а не само на родените сестра и брат. Вера Благојевич и во оваа стихозбирка ги подарува своите стихови „од дното на душата“, додаде Арсова.
Поетесата Благојевич Самарјанин се заблагодари на сите присутни за одвоеното време и накратко им ја откри приказната којашто се „крие“ зад нејзината 100-та книга, стихозбрика, „Од дното на душата“.
-Претходната година, на едно интервју во Канада реков дека „следната“ година ќе ја издадам мојата 100та книга, иако во тој временски период имав издадено само 73 книги. Јас тоа го ветив и еве денеска го исполнив. Искрено многу труд вложив да ја издадам оваа книга, бидејќи во Канада имав тешка сообраќајна незгода во којашто едвај преживеав. Веднаш ја побарав мојата внука којшто имаше задача да ги пребара моите книги во Битола, да ги собере сите песнички бидејќи јас морав да ја издадам таа бројка на книги. Заедно успеавме, со сликовници да ги надополниме до 99книги и затоа на крај зедов сила и успеав да ја напишам мојата стота книга „Од дното на душата“, додаде Благојевич Самарјанин.
На крајот од промоцијата поетесата Благојевич Самарјанин им додели дел од своите книги и сликовници на Локалната библиотека, на неколку велешки основни и средни училишта како и сликовници за учениците од посебното училиште „Маца Овчарова“.
Промоцијата беше збогатена со музичка точка како и читање на стихови од авторката од страна на ученици.
Стефани Манева
фото галерија: