Самостојната изложба на дипломираната вајарка Александра Богоеска Гиноска  во Ликовен салон Велес

Објавено на 28 ноември, 2024 во 15:31

Изложбата е составена од 14 дела акрил на платно во  поголеми и помали формати кои што авторката иако е  дипломец на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот вајарство –конзервација и реставрација, создала ликовно творештво и тоа во 2024 година. Изложбата на „Интервалите во мене“, Александра Богоеска Гиноска, првпат ја презентира на јавноста во Ликовен салон Велес иако таа е од Прилеп. Оваа изложба говори за борбата на внатрешните прекршувања до крајот на целта.

-Станува збор за интервалите во мене поточно за процесот на долготрајно истражување на дијалог меѓу две димензии какви што се времето и просторот и за се што се случува помеѓу нив. Поточно за животот на луѓето, како тие се конектираат, како ја црпат енергијата, како се развиваат. Се ова за што ви зборувам претставено е во еден ликовен израз  преку колоритот, текстурата, динамиката,хармонијата и слично како и дека сето тоа  е нишка  со самата природа, рече Богоеска Гиноска.

Авторката досега учествувала на бројни групни и самостојни изложби, сликарски и вајарски  во земјава и странство. Делата на авторката се спознавањето на себе си и на емотивниот развој на човекот, правилното користење на ресурсите и развивањето за подобар и поугоден живот.

Промовирајќи ја изложбата професорката и писателка Нада Алексоска помеѓу другото рече дека  делата поседуваат раскошни бои.

-Дела рефлектираат бурни внатрешни емотивни слики и кулминациски состојби кај поединецот.Со примената на разни контрасти на многубројни ликовни елементи, авторката манифестира разиграни динамични дела-дијалози  односно во сликите меѓу чистите површини има одреден акцент на динамика што е интервал кој го доживуваме во просторот и времето, рече Алексоска.

Изложбата е финансиски поддржана од Министерството за култура.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.