Шест нови афоризми на велешкиот афористичар „Коки“ ?
Објавено на 11 јули, 2022 во 10:44

Ниту овој понеделник нема да помине без насмевки, бидејќи, велешкиот афористичар Никола Бошков Коки, повторно одвои шест од своите многу афоризми. Уживајте:
-Атмосверата во некои бракови е идентична како онаа на месечината: нема услови за живот. ?
-Зад затворени врати комуницираат само оние политичари, кои на отвотените јавни дебати не умеат уста да отворат.
-Паметната жена никогаш не го прашува својот маж каде оди, туку…кога се враќа. ?
-Добриот мајстор може се да направи со обете раце, добрата жена…со нозете.
-Тој е приврзан за својата сопруга, но одвреме-навреме успева да го отплетка јазалот. ?
-Пешакот е крал на пешачкиот премин, но честопати е матиран од некој коњ…зад воланот.
Афористичар
Никола Бошков – Коки
