„Синиот портокал“ со награда за најдобра претстава од публиката на фестивалот во Ресен
На јубилејното 20-то издание на Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа 2022“ во Сарајот во Ресен, претставата „Синиот портокал“ на велешкиот театар ЈКХ „Џинот“ ја доби наградата за најдобра претстава од публиката.
– Овој фестивал се одржува од 2003 година, кога Европскиот парламент го прогласи Преспанското езеро за Меѓуграничен европски парк, меѓу Македонија, Грција и Албанија. Претставата беше извонредно примена од страна на публиката, пишува во соопштението на велешки театар.
Оваа претстава е во режија на Александар Ивановски и играат Фаик Мефаилоски, Жарко Спасовски и Самоил Стојановски.
Претставата „Синиот портокал“ исто така е посебно прифатена и од велешката публика бидејќи на секое нејзино издание картите се целосно распродадени.
Стефани Манева