Со претставата „Едвард Втори“, на велешки и Драмски театар од Пловдив, вечерва започнува фестивалот „Битола Шекспир“

Објавено на 28 јуни, 2024 во 11:54
Фото: Театар „Јордан ХК Џинот“

Десеттото издание на фестивалот „Битола Шекспир“ што започнува вечерва ќе го отворат Велешки театар „Јордан Х.К. Џинот“ и Драмски театар од Пловдив, Република Бугарија со претставата „Едвард Втори“.

Театарската претстава „Едвард Втори“ е производ на драматуршкиот „римејк“ на режисерите Андриј Жолдак и Сашо Димоски на класичната драма на Марлоу, со поп-артовска посвета на физичкиот театар, а во поголемиот дел од дејствието кокетирајќи со разни жанрови, во прв ред крими-трилерот.

Стеснета и дизајнирана во минималистички стил, сцената го потенцира чувството на нелагодност: затоа ликовите манијакално се удираат во ѕидовите, не наоѓајќи го излезот.

Во претставата улогите ги толкуваат: Васил Зафирчев, Фаик Мефаиловски, Исидор Јовановски, Јордан Витанов, Борис Крстев, Марија Баракова, Сандра Танчева, Кире Ацевски, Бобан Алексовски, Илијан Јовановски, Јована Миладинова, Тодор Стојковски, Леонида Гулевска, Никола Петковиќ и Бранко Михајловски.

Сценографијата е на Андриј Жолдак и Даниел Жолдак, костимографијата на Симон Мачабели и Раде Василев а музиката на Сашко Костов.

Претставата ќе биде прикажана на сцената на битолски Театар и не е наменета за лица помлади од 16 години.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.