Творештвото на велешанецот Љубомир Михајловски објавено на платформата „Европска поезија“

Објавено на 4 декември, 2024 во 10:30

Дваесет песни од творештвото на македонскиот поет Љупчо Михајловски од 3 декември, годинава, се објавени на платформата „Европска поезија“. Рецензентот Фајај Ислам Фахим за поезијата со научно фантастичка тематика на Михајловски пишува:

„Творештвото на Љубомир Михајловски продолжува да ги инспирира новите генерации на поети и писатели во Македонија покажувајки го неговото творечко наследство како стожерна фигура во литературната историја на Македонија. Неговиот глас резонира во создавањето на македонската култура славејќи го богатството на јазикот и силата на поезијата притоа рефлектирајчи го обликот на човечкото искуство.“

Платформата,достапна на сите социјални мрежи, е подигната неполна година. На неа објавени се бројни автори од разни европски земји. Од Македонија, засега, се објавени дел од творештвата на Љубомир Михајловски и на Ирена Бабамова Стојчева.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.