Вчера вечер предпоследна а вечерва, свечено затворање на 20 ИФФ „Велес“ (видео и фото)

Настапите на девет разновидни културно уметнички и сценски уметници како што се пејачки состави, фолклорни ансамбли, културно уметнички друштва и група за култура од разни држави во светот ги проследија вчера вечер посетителите на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес 2025“.
Во преполниот Амфитеатар на Младински парк Велес, на четвртата фестивалска вечер, настапија домаќините „Распеани велешани“, Ансамбл за народни танци “Јенимале“ од Турција, ФА „Филиграни“ од Македонија, ФТА „Теа Мас“ од Германија, КУД „Јане Сандански“ од Македонија, ФА „Росенка“ од Чешка, Група за култура „Акаханга“ од Чиле, Ансамбл „Керамичар“ од Македонија и КУД „Шумадија“ од Србија.
Вечерва, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи свеченото затворање на јубилејниот, дваесетти, ИФФ „Велес 2025“, во Амфитеатар на Младински парк во Велес.
Убавка Јаневска
Фото галерија:







