Велешка поетска вечер, во петок, во Ликовен салон
Објавено на 14 август, 2024 во 10:49
Пријавени автори ќе читаат поезија и ќе биде доделено признание за „Најплоден македонски автор“ во периодот од 1991 до 2024 година на културната манифестација Велешка поетска вечер во Велес. Манифестацијата ќе биде збогатена и со музички настапи на младиот и талентиран Лука Николовски како и со изведбите на македонската естрадна легенда Драган Мијалковски.
Велешката поетска вечер ќе се одржи во петок, 16 август со почеток во 18:00 часот во Ликовен салон во Велес. Неа ја организираат Клуб на писатели „Коста Солев Рацин“ и Општина Велес во рамки на „Велешко лето“.
Дума.мк