Велешкиот афористичар „Коки“ со шест нови афоризми

Објавено на 4 април, 2022 во 10:27

Нашиот афористичар „Коки“ и овој понеделник издвои шест нови афоризми коишто ќе ја пробудат насмевката на вашето лице. Уживајте:

-Први Април е ден на шегата, сите останати денови во годината се денови на поскапувањата.

-Мојот пријател не го измачува горливото сознание дека многумина му ја соблекуваат сопругата, туку не можноста тој сам да ја облекува.

-Таа беше родена во знакот на ДЕВИЦА, но сега дојде време кога ќе треба да си го смени хороскопот.

-Секое чудо во животот трае три дена единствено кај нас во политиката чудата траат три…децении.

-При патувањата со автомобил, жените не треба да се заврзуваат со појас за седиштето, туку треба да си го заврзуваат  јазикот.

-Ако нашата ракометарка не се забавуваше со момче од ветеринарниот факултет, никогаш не ќе дознаеше што е тоа…ВОЛ.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.