(Видео и фото) Свечено отворен 20 Меѓународен салон на стрип „Велес 2023“
Со свечено доделување на награди од Меѓународниот стрип конкурс, се отвори 20 Меѓународен салон на стрип „Велес 2023“. Присутните имаа можност да ги погледнат наградените стрипови но и да уживаат во останатите пристигнати стрипови на конкурсот. Александра Андреева којашто е дел од стрип проектот CAN for Balkans како помошник координарот, пред присутните соопшти дека на конкурсот биле пријавени вкупно 171 стрипови од вкупно 21 земја. Ване Трајков, основачот и директор на Стрип центарот на Македонија – Велес, на Коле Манев му го додели признанието за афирмација на стрипови во Македонија.
Манев пред присутните се заблагодари и кажа дека во 1960 година цртал стрипови за „Наш Свет“ и со хонорарите коишто ги добивал се школувал во Белград.
Жири комисијата во состав на Д-р Бошко Караџа професор по филозофија и самостоен научен истражувач во областа на графичката литература, Лазе Ангелков академски сликар, илустратор и стрип артист и Ване Трајков извршен директор на Стрип центар на Македонија, сценарист и инструктор за теорија и стрип имаше тешка задача да ги избере најдобрите стрипови на конкурсот.
Сепак, првата награда „Златен стрип“ ја добија Марко Стојановиќ, Милорад Вицановиќ Мазо и Аљоша Томиќ од Србија и Босна и Херцеговина. Втората награда „Сребрен стрип“ ја добија Ана и Сара Живковиќ од Србија како и Даниел Данил од Романија. Третата награда „Бронзен стрип“ ја поделија Миодраг Спасојевиќ од Црна Гора и Војдан Андонов од Македонија.
Наградата за уметнички израз ја добија Марко Стојановиќ и Марко Николиќ од Србија, додека Наградата за сценарио ја доби Младен Ољача од Србија.
Потоа беа доделени и награди во категорија од 14 и 18 години. Во првата категорија до 14 години за најдобар автор беше прогласена Вилма Дамњановска од Петровец, Скопје а пофалници добија Мадалена Маријановиќ од Ресен и Меланија Андова од Велес.
Во категорија до 18 години за најдобар автор од Македонија беше прогласена Елена Апостоловска од Скопје, за најдобар автор од други земји Аурора Тот од Србија и за најдобар уметнички израз Влера Чиче од Скопје.
За најдобар автор од Македонија беше прогласен Методија Стојановски од Куманово. За највозразен учесник на конурсот награда доби Тоде Блажевски додела за најмлад шест годишната Ивона Живковиќ од Лесковац, Србија.
Поддржувачи на настанот се Општина Велес, Министерство за култура, Библиотеката „Гоце Делчев“, Народен музеј Велес како и Europe house од Велес.
Стефани Манева