(видео) Од 20 до 31 март по трети пар театарски фестивал на комедија „5ре“ во театар „Џинот“
Велес е град којшто создаде повеќе децениска традиција на театарски фестивали и на тоа е особено горд, рече помеѓу другото градоначалникот Марко Колев на денешната прес конференција на која беше соопштен годинешниот добитник на наградата за животно дело „Петре Прличко“ актерот Тони Михајловски.
Режисеот Ненад Витанов ја соопшти фестивалската програма составена од шест театарски претстави и еден Stand up.
-Фестивалот ќе започне идната среда, на 20 март, со премиера на претставата „Вечера за глупаци“ на Театар „Ј.Х.К Џинот“ од Велес. Два дена подоцна на штиците на велешки театар ќе гостува Драмски Театар од Скопје со претставата „Чудесна случка со кучето во ноќта“. Љубителите на театарот, во рамките на фестивалот, ќе можат да ја гледаат и претставата на Македонски Народен Театар од Скопје со наслов „Мој термин“ во сабота, на 23 март додека претставата „Црвенкапа“ на Театар за деца и младинци ќе биде прикажана во понеделник на 25 март. Бидејќи станува збор за претстава за деца само таа започнува во 18:00 часот. Третото издание на фестивалот „5ре“ продолжува на 29 март, петок, со претставата „Секс и лаги“ на Народен Театар Куманово, а во сабота, на 30 март, ќе биде прикажана претставата „Женидба“ на Народен Театар Штип, додаде Витанов.
Годинава фестивалот „5ре“ свечено ќе биде затворен во недела, на 31 март, со Stand up настапот на Сашко Коцев. Сите театарски претстави, освен претставата за деца, започнуваат во 20:00 часот.
Влезниците на благајната на велешки театар „Џинот“ ќе можат да се купуваат веќе утре, среда, 13 март по цена од 200 денари.
Стефани Манева