Викендов четири нови филмски наслови во Киноверзум Велес
Киноверзум Велес за својата публика викендов нуди четири нови филмски наслови. Поточно, премиерно се прикажаа српската комедија „Молњи пак“, американскиот хорор „Драг Дејвид“, акционата комедија „Фриленс“ и акционата анимирана комедија „Тролови 3“. Овие филмски наслови премиерно беа прикажани во текот на вчерашниот ден, со што викендов на публиката и се нуди нова богата филмска програма.
Во петок, денеска, ќе бидат прикажани три филмови и тоа „Молљи пак“ со почеток во 18:00 часот, потоа документарниот филм за Раста, српски рапер „3211“ со почеток во 20:00 часот и како последен на репертоарот ќе биде прикажан „Драг Дејвид“ со почеток во 21:30 часот.
Во сабота со почето во 18:00 часот ќе биде прикажана акционата комедија „Тролови 3“, по два часа поточно во 20:00 филмот „3211“ и за крај на вечерта со почеток во 21:30 часот ќе биде прикажан „Фриленс“.
Во недела, киноверзум Велес на публиката ќе и понуди вкупно шест филмски проекции. Со почеток во 12:00 часот ќе биде прикажан цртаниот филм „Елементи“, два часа подоцна анимираниот филм „Патролни шепи: моќен филм“, потоа во 16:00 часот „Тролови 3“. Македонската комедија „Те дуа, жими мене“ ќе биде прикажана со почеток во 18:00 часот, два и пол часа подоцна велешани ќе може да го гледаат филмот за српскиот рапер Раста и за крај во 22:00 часот ќе биде прикажан филмот „Драг Дејвид“.
Неделната програма на киноверзум е објавена на нивната бев страна и фејсбук профил. Објавени се филмски датуми за до 8 ноември и на репертоар се вкупно девет филмови.
Стефани Манева