Во Ликовен салон Велес отворена јубилејна изложба со дела на Димитар Андонов Папрадишки (фото и видео)
Во својот долг и плоден творечки живот Димитар Андонов Папрадишки насликал 1.200 икони за околу стотина цркви во Македонија и во Србија со што се смета за еден од најпродуктивните македонски зографи. Смртта го затекнала на 95 годишна возраст додека во неговото атеље во Скопје , во 1954 година, останале недовршени дела со профана и религиозна содржина.
Вчера вечер, во предвечерјето на одбележувањето на јубилејниот 80 роденден на градот Велес, 9 Ноември, во Ликовен салон беше отворена изложба со слики кои се дел од неговото творештво и ги поседуваат приватни колекционери или Националната државна галерија. На изложбата која ја отвори директорот на Народен Музеј Велес, Ангел Коруновски, изложени се и икони насликани од овој познат македонски зоограф и уметник.
За животниот и творечки пат на Димитар Андонов Папрадишки говореа организаторката на изложбата од Народен Музеј Велес и претставници на македонската Национална галерија.
На отворањето на јубилејна изложба „70 години од смртта на Димитар Андонов Папрадишки“ настапи Детски хор „Свети Кирил и Методиј“ под диригенство на професорката Веселинка Маџарова.
Убавка Јаневска