Втор концерт на Ансамбл „Керамичар“ – 70 години постоење и негување на фолклор и традиција (видео и фото)
Со кореографија на најпознатото македонско оро „Тешкото“ во изведба на играорци на Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ започна вториот јубилеен концерт, вчера вечер, на велешки „Керамичар“.
Значајниот љубилеј ги собра сите играорци, членови на оркестарот, кореографи, составите на управувачкото тело на ансамблот низ изминатите седум децении, од ветерани до актуелни.
Седум децениското одбележување беше подготвувано подолг временски период. Постарите ветерани на Ансамбл „Керамичар“ ја подготвија кореографијата „Свадба“, додека „Калајџиско“ Помладите ветерани – 1 и „Водарки“ – Првата фолклорна група.
Гости на синоќешниот втор концерт беа и играорците на Неврокопски ансамбл за народни песни и игри „Гоце Делчев“ од Бугарија, вокалните солисти Даниела Цветковска и Игор Андреевски како и Оркестар за традиционални инструменти на ОМУ „Стефан Гајдов“ од Велес.
Вториот концерт го заврши Прва фолклорна група на „Керамичар“ со кореографија „Прилепски игри“.
Како првиот така и вторниот концерт се одржа на Голема сцена на велешки Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ пред голем број на публика.
Убавка Јаневска