За убав почеток на работната седмица, шест нови афоризми на велешкиот афористичар „Коки“
Објавено: 28 март, 2022, во 10:10 часот
Започнете го денот со насмевка преку новите шест афоризми на нашиот афористичар Никола Бошков „Коки“, кои се секогаш уникатни и ја опишуваат реалната слика на животот.
-Би сакал да поверувам дека секој човек во својот живот имал барем еден рај…со некоја Ева.
-Постојано ме измачуваат ноќни кошмари: ме обвиваат и влечат во длабочина огромни ОКТОПОДИ, колваат ЦРНИ ОРЛИ , растргнуваат крвожедни ЛАВОВИ.
-Некои луѓе обрнуваат поголемо внимание на движењето на курсот на девизите,отколку на движењето на своите сопруги.
-Кога сите би се женеле со паметни девојки, тогаш што ќе прават убавите.
-Неколкумина гости во кафеана се обидуваат да докажат дали навистина во виното е вистината: докажувањето е во тек.
-Некои фолк-пеачки се толку многу срамежливи, што сега ќе започнат и спотовите да ги снимаат…облечени.
Афористичар
Никола Бошков – Коки
