Љутков одговари на прозивките од СДСМ
Објавено на 11 октомври, 2021 во 17:05

Ставот, на носителот на листата со кандидати за членови на Совет на Општина Велес на ВМРО ДПМНЕ Зоран Љутков, на прозивките од СДСМ е ист како и вчера. Тој денеска повтори:
„Јас сум глумец, артист,актер, уметник, но пред се професионалец, кој работел и живеел и во Велес, Скопје, Прилеп, Битола, Струмица, Штип и во сите театри во Македонија и во регионот, со телевизиски и филмски улоги и награди за кои ќе ви треба да си земете слободен ден од кампањата да ги доброите! Македонија е мојот дом! Горд што сум носител на победничката листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за мојот град ВЕЛЕС. А Велешани на 17ти октомври ќе ве казнат за нереализираната програма во овие 4 години и за лагите кој повторно им ги ветувате.“
Убавка Јаневска
